Околу 18 илјади вработени во основните училишта немаат земено јануарска плата. Од најголемиот репрезентативен синдикат на вработените во просветата го потврдуваат доцнењето на платата, но велат дека добиле уверување дека тоа било оправдно и од обејктивни причини.
- „Платата во образование доцни. Според извори блиски до СОНК, МОН благовремено ги доставил списоците до МФ, но од објективни причини во ова министерство се доцни. Но, како што не уверуваат од таму, денес ќе има плата?!“, вели Јаким Неделков претседател на СОНК.
Од финансии прашани зошто е пробиен законскиот рок за исплата на плата со одговор за Телма само кусо велат дека барањето се обработува.
- „Ве информираме дека налозите за исплата на платите се обработуваат редовно и, согласно динамиката на достасување од страна на буџетските корисници, ќе бидат реализирани преку Трезорот“, велат од министерство за финансии.
Од независниот синдикат за образование остро реагираат за како што велат несериозноста на надлежното миностерство бидејќи овој проблем неколкупати се повторува и ваквото однесување велат е институционална негрижа кон најважните вработени во јавниот сектор.
- „Земајќи во предвид дека истото се повторува веќе подолг временски период, како и недостаток на интерес за решавање нс проблемот од страна на надлежните НСОН најавува дека ќе одговори со покренување на штрајк доколку се продлжи со истата лоша пракса на погазување на работничките права“, вели Томислав Гиевски претседател на независен синдикат на образование.
Во образованието работат околу 30 илјади вработени.
Симона Петровска
Б.С.
