Вести Македонија

СДСМ: Со изборот на Наумовски за Уставен судија во прашање се става независноста на судството

Премиерот Мицкоски го предложи Гоце Наумовски, својот надворешен правен советник, за нов уставен судија, што пак во прашање ја става независноста на судството, реагираат денеска од СДСМ.

Од партијата велат дека Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски, што дополнително ја потенцира политичката врска.

Додаваат дека ова е нов пример на кадровски решенија од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца, откако властите веќе го сменија јавниот обвинител и контролираат дел од обвинителството и Судскиот совет.

Според опозициската партија дел од експертите и дел од опозицијата предупредуваат дека овие чекори ја поткопуваат независноста на правосудството, создавајќи партиски контролирано судство и повторувајќи модели од времето на Никола Груевски, што може да доведе до поголемо ограничување на правната држава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе