Вести Економија Македонија Најважни

ССМ им даде жолт картон на работодавачите

Шест илјади денари повисоки плати за сите работници во приватниот сектор и минималец од 600 евра. Синдикалците ги испорачаа своите барања пред работодавачите – Сојузот на стопански комори пред чии простории ја одржаа втората блокада од најавените три.

Владата не е партнер и пријател на работодавачите, туку тоа се работниците, порачаа од ССМ и побараа од бизнис заедницата да ги прифати нивните барања.

„Тука сме кај газдите кај истите оние кои нѝ ги избрка цели наши семејства во странство. Кај газдите кои одбиваат да ја зголемат минималната плата и останатите плати, само затоа што законот не се промени. Кај газдите кои се слепи послушници на владата, а владата веќе кажа дека си се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во приватниот и во јавниот сектор“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Следните протести ќе бидат во поголем број и помасовни, предупреди потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски.

„Напоменувам, потсетувам и за сите што не слушнале досега, условите за работа, платите во приватниот сектор се повеќе од мизерни. Повеќе наликуваат на социјална помош, отколку на плата достоинствена за живот. Потсетувам напоменувам и повторувам, секое седнување на маса со претставниците од приватниот сектор кои се претставуваат како големи газди и работодавачи, не е социјален дијалог кој доведува до унапредување на работнички права и плати, туку напротив се обидуваат да скратат сето она што Синдикатот го обезбедил во минатото“, истакна Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Трендафилов кажа дека членството е под притисок и закани од претставници на владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да не се појавуваат на протести и блокади.

„Дваесет и еден човек сме затоа што нè следат, ги заокружуваат луѓето и затоа што им се закануваат на луѓето да не дојат на протестите и блокадите. И во вторник владата на две места по 21 човек ќе ја блокираат“, најави Трендафилов.

Премиерот Мицкоски, пак, побара Трендафилов да ѝ се извини на пратеничката Стојановска и додаде дека авторот на снимката која се појави во јавноста бил професионален, бидејќи ги замаглил децата на Трендафилов.

„Доколку тоа не го стори, уште еднаш ќе ја пропушти шансата да видиме човечки материјал во него. Таму никој на тоа видео не ги покажува малолетните деца на господинот Трендафилов, напротив, колку што можев да видам многу е внимавано на тоа“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

ССМ продолжува со блокадите во обид да издејствуваат што е можно поголемо зголемување на минималецот од предвидените 1.600 денари, а во вторник ќе се блокираат приодите кон Владата.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Дејан Дејан

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Дејан Дејан

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе