НАТО денеска објави дека почнува нова мисија под назив „Арктички стражар“ за зголемување на сигурноста на Арктикот.
„„Арктички стражар“ ја нагласува посветеноста на Алијансата да ги заштити своите членки и одржување на стабилноста во еден од стратешки најзначајните и еколошки најпредизвикувачки подрачја во светот“, рече врховниот командант на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич.
Планирањето на мисијата почна по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Давос минатиот месец. Трамп потоа ги повлече заканите за царини кон европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контрола врз Гренланд.
Трамп и Руте се согласија дека НАТО треба да преземе поголема одговорност на Арктикот, со оглед на амбициите на Русија и на Кина кон тоа подрачје. Заканите на американскиот претседател за преземање на Гренланд ја предизвика најголемата криза во НАТО од нејзиното формирање во 1949 година.
С.Д.
