Вести Македонија Топ вести

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го доби решението за изградба на меморијален простор

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“.

Овој простор е наменет за да се оддаде почит за жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ и целта е да биде изграден во најкус можен рок и да претставува достоинствено место за сеќавање.

Локацијата зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Предвидено е меморијалот да има максимална висина до три метри.

Со добиената одлука, здружението добива можност да започне со активности за уредување на просторот без потреба од класична градежна дозвола.

Во наредниот период ќе се работи на прибирање на потребната документација, како и на обезбедување финансиски средства преку донации, поддршка од компании и хуманитарни настани.

Во почетната фаза ќе се поднесе барање до Министерството за култура за одобрување на идејно решение, инспирирано од симболот на бесконечноста.

Проектот предвидува уредени патеки, амбиентално осветлување, клупи, фонтана, статуа на Богородица, како и камени плочи со имињата на 63-те жртви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе