Вести Свет Топ вести

Макрон: Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стане учесник во светските настани

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стори ништо да стане учесник во светските случувања, наместо нивни набљудувач.

„Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќна покорност. Никому не пречиме, се обидуваме да бидеме љубезни кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и претходно. Ви велам, ако не сториме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Макрон во интервју за „Зидојче Цајтунг“.

Според него, Европа секогаш пропаѓала кога била бавна и поделена.

„Да ја земеме за пример финансиската криза, Зошто тогаш минавме толку лошо? – Финансиската криза почна во САД, но ние патевме 10 пати повеќе од самите Американци, бидејќи реагираа брзо и колективно. За нас тоа беше асиметричен шок, бевме поделени. И нѝ требаа пет до 10 години да се носиме со таа криза, асиметрично меѓу северот и југот. На крајот на краиштата, тоа ги погоди сите“, додаде Макрон.

Како пример, пак, за добра реакција на Европпа ја наведе пандемијата на ковид-19 од 2020 година, кога е направен заеднички долг во вредност од 750 милијарди евра. Почетокот на војната во Украина го опиша како „невиден шок“ за Европа, што ја погоди „симетрично“. Зборувајќи за заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, Макрон рече дека никој не знае колку далеку се подготвени САД да одат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе