Вести Свет Топ вести

Мохамади доби нова затворска казна од седум години

Иранските власти ѝ изрекоа нова затворска казна од над седум години на добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, соопштија нејзините поддржувачи.

Пресудата е донесена откако таа започна штрајк со глад, во услови на засилена репресија врз несогласувањето по масовните протести и илјадниците жртви од интервенциите на безбедносните сили.

Според нејзиниот адвокат Мостафа Нили, Револуционерниот суд во Машхад ѝ изрекол шест години затвор за „здружување и заговор“, уште една и пол година за „пропаганда“, двегодишна забрана за патување, како и две години внатрешен егзил во градот Хосф.

Судовите од овој тип често носат пресуди без реална можност обвинетите да се бранат… Иранските власти засега официјално не ја потврдија казната.

53 годишната Мохамади веќе издржуваше казна од 13 години и девет месеци и е позната по поддршката на протестите по смртта на Махса Амини во 2022 година.

Таа има сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви удари и неодамнешка хируршка интервенција, поради што нејзините поддржувачи бараат привремено ослободување за лекување.

И покрај тоа, иранското судство најавува уште построг пристап кон сите форми на критика и активизам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе