Вести Македонија Топ вести

Судир на интереси во Општина Кочани- претседателот на советот во исто време е и директор на основно училиште

Советник од Советот на Општина Кочани од редовите на ВМРО ДПМНЕ истовремено е директор на основно училиште, што според законот е неспоива функција, реагираа денеска од независната советничка група „Доста беше“ во Кочани.

Побарале и добиле официјален документ од Државната комисија за спречување на корупција, во кој јасно стои  дека во ваквиот случај има судир на интереси.

Според кочанските советниците од независната листа „Доста беше“  по најголемата трагедија во земјата, во која згаснаа  63 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, токму новата локална власт на Кочани треба да покаже капацитет и да ги почитува законите.

Претседателот на Советот на Општина Кочани и директор на училиште во Кочани, Александар Андов вели дека се уште нема добиено официјален документ, кога ќе го добие ќе постапи согласно одлуката и ќе ги почитува сите законски прописи и нормативи.

Инаку за вакво прекршување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси се изрекува глоба д 300 до 500 евра во денарска против вредност.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе