Изработени се три нови законски решенија: Законот за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и истите веќе се ставенои на ЕНЕР додека Законот за научно- истражувачка дејност ќе биде ставен на платформата следните денови. Министерската Јаневска најави реорганизација и заживување на улогата на Агенцијата за квалитет во високото образование која во изминативе пет години на постоење според неа вршела само акредитација на безброј оправдани и неоправдани студиски програми но не и евалуација.
Зајакнување на критериумите за напредување во звања на факултетите, нов начин на финансирање, повеќе средства за оние универзитети кои ќе исполнат високи критериуми и поттикнување на транспарентноста на работата на државните универзитети се само дел од новините во Законот за високо образование и Законот за квалитет во високото образование кои се веќе објавени на ЕНЕР, додека Законот за научно-истражувачка дејност ќе биде објавен деновиве.
- Ги зајакнавме критериумите за напредување во звања на факултетите. Секој кој ќе аплицира за избор во звање – доцент, вонреден или редовен професор, отсега ќе има обврска до изборот да изработи и објави најмалку 6 – 7 научни трудови, од кои 3 – 4 треба да бидат објавени во списание со импакт фактор од базите Web of science или Scopus- Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Според светската статистика за еден универзитет да се најде меѓу најдобрите 1000 на Шангајската ранг листа, треба годишно да продуцира и објавува најмалку 1200 трудови во списанија со импакт фактор. Според Јаневска фактот дека нашите универзитети годишно објавуваат помеѓу 300 и 500 трудови е нешто што мора да се промени.
- Оние професори кои кои се затекнати во избор и за нив ќе има олеснувања за првиот следен избор. Законот предвидува еден наставник доживотно да остане во исто звање доколку ги исполнува условие за тоа звање при секој нареден избор. Еднаш избрани редовни професори во иднина, по усвојување на законот, ќе имаат реизбор по 7 години. Оние кои се веќе се избрани во редовни професори, нема да бидат опфатени со овој закон-Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Законот предвидува мандатот на ректорите да биде 4 години, наместо сегашните три. Воедно променет е и моделот за избор на ректор.
Нина Стефанова
Б.С.
