Европскиот комесар за клима, Вопке Хукстра објави формирање на паневропски сили за брзо распоредување кои ќе бидат составени од 300 пожарникари. Ваквиот потег на Брисел следува по катастрофалните пожари во 2025 година кои многумина ги оценија како најлошите во Европа, но дополнително е потикната и од забрзаните климатски промени.
Хукстра истакна дека т.н. „сили за брзо распоредување“ ќе бидат составени од пожарникари од сите 27 земји членки на Унијата и оти брзо ќе бидат распоредувани онаму каде што ќе биде потребно, пренесува АП.
Одлуката за нивно формирање, според него, била донесена во минатата година, со напомена дека во иднина би можеле да требаат дополнителни човечки ресурси и опрема. Хукстра не прецизираше каде ќе бидат стационирани силите, ниту дали ќе бидат оперативни за претстојната летна сезона на пожари.
Во јуни и во јули во 2025 година во Медитеранот избија стотина пожари, поттикнати од температурите повисоки од 40 степени Целзиусови, екстремната суша и силните ветришта. Во нив загинаа 20 луѓе, околу 80.000 беа евакуирани, а повеќе од еден милион хектари земјиште изгоре.
