Вести Економија Македонија Најважни

Денеска УПОЗ треба да се изјасни за понудата на Владата за платите

Денеска напладне УПОЗ ќе соопшти дали ја прифаќа понудата на Владата за исплата на 8% додатоци на платите во период од три години или постепено зголемување на платите до 40% до 2028-та.

Претседателот на синдикатот, Дејановски, посочува дека иако понудата е помала од нивните првични барања, таа е прифатлива, но конечната одлука ќе зависи од мислењето на синдикатите од внатрешноста.

Конфедерацијата на слободни синдикати веќе ја прифатила понудата, со зголемување на платите на административните службеници во период од 25 до 26 месеци, почнувајќи од март годинава до март 2028, со дополнителни годишни покачувања од 8%.

Од КСС посочуваат дека секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш.

Владата условува од УПОЗ откажување од општите колективни договори, иако тие не се нивни потписници, а во случај на прифаќање работниците ќе потпишат нови колективни договори.  Независно од одлуката, УПОЗ останува на барањето за минимална плата од 600 евра и дел од најавените протести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе