Вести Свет Топ вести

Денес започнуваат преговорите меѓу високи претставници на САД и Иран во Оман

Високи претставници на САД и Иран денеска во Оман ги започнуваат преговорите во момент кога Блискоисточниот регион стравува од воена конфронтација помеѓу двете држави. Изминатиот период односите помеѓу двете со децении спротивставени држави паднаа на најниско ниво по антивладините протести ширум Исламската република, кои режимот брутално го задуши.

Американскиот претседател му порача на Техеран да престане да ги убива своите граѓани, во спротивно Вашингтон е подготвен воено да интервенира во земјата.За таа цел, американската морнарица распореди дополнителни поморски борбени групи и носач на авиони, зголемувајќи ја загриженоста на меѓународната заедница од избивање нова војна на Блискиот Исток.

Во одговор на заканите од САД, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, порача дека иранските вооружени сили се подготвени да ја бранат својата земја. И покрај тоа што и двете страни се согласија да седнат на маса, од денешните преговори во Оман не се очекува премногу. САД и Иран остануваат вкопани во своите позиции.

„Опсегот на овие разговори останува нејасен. Иранците инсистираат дека ќе се разговара само за нуклеарната програма. САД ја бомбардираа нуклеарната програма во јуни за време на 12 дневната војна со Израел. Американците велат дека тие сакаат да разговараат и за иранската програма за балистички ракети, како и за поддршката на милитатни организации ширум Блискиот исток“, рече Џон Гамбрел, од новинската агенција Асошиејтед прес.

Но, Техеран иако сигнализираше дека е подготвен да направи отстапки за својата нуклеарна програма, сепак, рестрикциите за балистичките ракети и поддршката на организации како Хамас во Газа, Хезболах во Либан и Хути бунтовниците во Јемен, ги смета за прекршување на неговиот суверенитет.

Во преговорите Иран повеќе од сигурно ќе побара повлекување на санкциите кои ја уништија неговата економија, но критичарите на Техеран бараат тоа да не се случи, затоа што на тој начин на режимот ќе му биде дадена шанса да се спаси.

Игор Трајков

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе