Вести Македонија Топ вести

Во магацинот на владините бифеа фалеле 70 илјади евра храна, во СОЗР одговориле дека е кало и растур

Прехранбени производи од скоро 70 илјади евра во главниот магацин на владините бифеа постоеле само на хартија, но во реалноста ги немало. Пописот од 2024 година покажал разлика помеѓу сметководствената и фактичката состојба од 4,2 милиони денари, констатира Државниот завод за ревизија во Ревизорскиот извештај за работата на владината Служба за општи и заеднички работи во 2024.

Во службата им одговориле на ревизорите дека храната се евидентира автоматски во софтверот.

„Не е воведено правило за пресметка за кало и растур согласно официјалната номенклатура за кало и растур изразена во процентуална вредност на секој вид на храна поединечно од која може да произлезат разлики во вредноста на прехранбените производи во главниот магацин и кујните“, им одговориле од СОЗР на ревизорите.

Сепак, ревизорите одговориле дека забелешката претставува известување за причините, но оти не се предложени мерки за решавање на состојбите. Поради прекин во одржувањето на фискалните апарати, во јуни 2024 години во владините бифеа не се издавале ни фискални сметки, ни парагон блокови.

Ревизорите исто така констатираа дека при обезбедувањето службени возила од висока класа на лизинг треба да се уреди постапката за подготовка на техничка спецификација за да се обезбеди поголема конкуренција, со оглед на тоа што на последните три тендери имаше само по еден понудувач. Недостасуваат процедури или упатства за планирањето на потребата од набавка, односно дали за возилата има реална потреба и не се вршат анализи за оправданост на лизингот.

Ревизорите исто така констатирале дека за сервисирање на возилата со кои располага Службата била склучена рамковна спогодба со три економски оператори, но кај два од нив, половина од набавените услуги и резервни делови не биле предвидени во техничките спецификации со однапред утврдени цени, што упатува на несоодветно планирање на потребни делови. Ревизорите констатирале низа системски слабости во работата на СОЗР – од проблематични вработувања до несоодветно управување со државниот имот. Се наведува дека „големиот број на ангажирани лица преку приватни агенции за вработување, определено време и договор на дело за вршење на дејноста на СОЗР, влијае на континуираното обезбедување на услуги за други институции како и на квалитетот на информациите презентирани во финансиските извештаи“.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на СОЗР заедно со ревизија на усогласеност за 2024, при што се издадени четири извештаи.

Срѓан Стојанчов

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе