Минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари ќе повлечат една милијарда и 250 милиони евра за масата за плати во јавниот и во приватниот сектор, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Не случајно сите не го поддржуваат тоа барање. Занаетчиската комора, малите и средни претпријатија. Една милијарда и 250 милиони евра, знаете што би значело тоа? – Тоа би значело потоп за илјадници претпријатија во Македонија и масовна невработеност. Од позиција на Народна банка, тоа би значело повисока инфлација, драстично, поголема цена на кредитите, и станбени и потрошувачки, итн., така што некој мора да ја плати цената. Нема бесплатен ручек“, предупредува Славевски.
С.Д.
