Вести Македонија Топ вести

Мицкоски очекува МВР да излезе со десетици тони недозволени средства

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МРТ за претресите во Скопје и Струмица во врска со петте тони марихуана запленети во Србија, рече дека очекува МВР да излезе не со неколку, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства.

Тој прстот го впери во претходната влада на СДСМ и ДУИ, која според него, довела во заблуда голем број граѓани и инвеститори дека преку бизнисот со марихуана може да се дојде до големи економски придобивки.

  • „Очекувам МВР да излезе не со неколку, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани“, рече премиерот за МРТ.

(Видео) Претреси во фирмата Алфафарм – акција поврзана со петте тони марихуана запленети во Србија

Тој исто така додаде дека тоа што ќе го слушнат граѓаните деновиве за тоа што се случувало ќе биде навистина катастрофално и дека креаторите на ваквите политики од минатото треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто станале жртви на ваквиот начин на функционирање.

  • „Граѓаните ќе бидат сведоци на една многу тешка ситуација и мачна којашто се случувала. Оваа е акција која што трае, не е само од сега, само не сме можеле сега секогаш јавно и транспарентно да објавуваме бројки и податоци, но тоа што ќе го слушнат и видат овие денови граѓаните, па мислам дека вклучително уште денес ќе биде навистина нешто катастрофално и сите оние креатори на тие политики треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто за жал станале жртви на ваквиот начин на функционирање на одредени политики од минатото“, нагласи Мицкоски.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе