Вести Македонија Топ вести

(видео)Блокада на патот Ресен-Битола – група жители палат гуми, дрва и ѓубре – и во Кочани протест поради Законот за одземање возила

Сообраќајот на релација Ресен – Битола по обиколницата што минува низ дивата ромска населба е целосно во прекин од 16:30 часот поради протест на група жители од овој дел на градот.

Тие палат гуми, дрва, ѓубре на коловозот, и објавуваат видеа на социјалните мрежи.

Велат дека протестот е бидејќи полицијата вчера им ги одзела возилата што ги управувале без возачка дозвола.

Од битолската полиција потврдија дека обиколницата е блокирана поради протестите во ромската населба.

Сите возила се пренасочуваат да сообраќаат преку Битола.

Жителите од оваа ромска населба велат дека не можат да најдат возачка дозвола, дека „за да преживеат нивните сопрузи одат да збираат шишиња и старо железо, а полицијата им бара возачка дозвола“.

Попладнево и во кочанската населба Трајаново трло се одржа протест поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, при што беа запалени гуми на улицата Цветан Димов.

Интервенираа и пожарникарите кои го изгаснаа огнот.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе