Вести Македонија Топ вести

Ристовска – и ревизорка и антикорупцинерка и мајка на син со фирма вклучена во политичка кампања

Фирма на еден од синовите на антикорупционерката Ристовска земала пари од кандидати за претседател на државата во кампања и тоа и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Нема одговор дали таа била вклучена во проверката на финансирањето на кампањите. Молчи и Ристовска и ДКСК, додека Левица бара институционална разрешница. Но истата фирма била во кампања и додека Ристовска била ревизорка.

Изнајмување рекламен простор за потребите на кандидатите за Претседател на државата е ставката под која е ангажирана фирмата Буст во 2024 година. Во извештаите од претседателските избори оваа фирма може да се најде и кај кандидатката Гордана Силјановска Дафкова на ВМРО-ДПМНЕ и кај Стево Пендаровски од СДСМ. За кампањата на Сиљановска и Пендаровски фирмата според податоците добила по повеќе од 2 милиони денари, по околу 35 илјади евра, или вкупно 70 илјади евра. Партијата Левица во петокот објави дека всушност оваа фирма е на еден од синовите на членот на антикорупциската комисија Цвета Ристовска.

Финансиските извештаи на политичките партии за изборните циклуси се доставуваат и до ДКСК, која треба да утврдува неправилности и сомнителни трансакции, а јавноста и денеска не доби одговори дали таа се изземала при разгледувањето на овие извештаи.

Она што може јавно да се најде на интернет е и извештај од ценовник на фирмата кој е испратен токму до ДКСК а е од мај 2024 година кога Ристовска е веќе член на ДКСК. Она што е уште поинтересно што иста фирма земала пари за промоција на кандидатите за градоначалници во кампањата во 2021 година од коалицијата предводена од СДСМ. Извештајот со сума од 200 илјади денари се нашол и пред Државниот завод за ревизија каде тогаш пак Ристовска била ревизорка. Задачата и на ревизорите е токму да ги разгледуваат можните незаконитости во финансиските извештаи на партиите. И покрај обидите Ристовска не одговори на прашањата на Телма.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ и денес се прогласи за ненадлежен, а за ова смета дека единствено треба да одговори Ристовска. Но во етичкиот кодекс на институцијата која ја раководи се вели дека ниту претседателот ниту членовите нема да дозволат финансиски интерес за себе или блиски со кои имаат деловни врски да дојдат во судир со нивните функции.

Од Левица и денеска повторија дека Ристовска морала да ги пријави фирмите на своите синови во анкетниот лист но и дека ќе бараат институционална разрешница на случајот.

„И понатаму ќе објавуваме скандали поврзани со ова, но очекуваме да има и институционална разрешница“, вели Амер мециновиќ од Левица.

Инаку Телма пред повеќе од една година го објави скандалот со Ристовска која беше известител во ДКСК за случајот со лажната диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски. ДКСК не виде ништо спорно што тој има сомнителна диплома од универзитетот за туризам, истиот на кој Ристовска порано била предавач.

Таа беше избрана за член на ДКСК во февруари 2024 година, а 100 процентна поддршка доби од владеачките вмро дпмне и беса, а помогнаа и гласовите на народниот правобранител и преставник на невладина организација.

Инаку според податоците од бизнис мрежа и двајцата синови на Ристова имаат фирми за маркетинг со слични имиња, буст и Буст медиа. Втората која за сега не се спомнува во извештаите е формирана во јуни 2024 година, додека првата постои од 2020 тата.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе