Вести Македонија

Приватните гинеколози бараат јасно дефинирање на бесплатните услуги

Со плакати „Здрава мајка и бебе, здрава жена“, здружението на приватни гинеколози и акушери одржа прес-конференција пред Министерството за здравство. Бараат јасно да се утврди кои гинеколошки услуги следуваат бесплатно преку фондот, а кои треба да се доплатат. Велат дека сите прегледи кај матичните гинеколози не се бесплатни. Очекуваат од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да ги разрешат овие дилеми.

„Нашето барање конкретно кон Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување е да го дефинираат тој сет на услуги. Тоа е нивна задача. Ние сега работиме во еден хаос“, изјави д-р Оливера Арнаудова, здружение на приватни гинеколози и акушери.

„Министерството за здравство да изготви упатства за примање и пружање на примарна заштита на европско ниво. Фондот за здравствено осигурување да го ревидира постоечкиот договор за имплементација на сет на услуги“, побара д-р Георги Костадинов, здружение на приватни гинеколози и акушери.

Од Министерството за здравство велат дека заеднички, со Фондот за здравство, бараат решение.

„Министерството за здравство е во постојана координација и комуникација со ФЗО и стручните здруженија, со цел заеднички да изнајдеме оптимално решение за унапредување на гинеколошко-акушерската здравствена заштита на примарно ниво“, соопштија од Министерство за здравство.

Од Здружението на матични гинеколози велат дека веќе работат по договор кој е стар 20 години. Низ годините, медицината се модернизираше, апаратурата која ја купуваат е многу скапа, исто како и потрошниот материјал, а тие од државата не добиваат никаква помош.

Доколку една пациентка во текот на целата година има здравствено осигурување, тие добиваат по 1.200 денари на годишно ниво. Но, велат дека финансиски не можат да издржат веќе и бараат средба со Фондот. Веќе двапати се обиделе да ги исконтактираат, првиот пат преку писмо добиле одговор дека нема да има средба, а вториот пат не добиле одговор. Очекуваат дека наскоро ќе седнат на маса за да се договорат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе