Опозицијата денеска на седницата за пратенички прашања отворено го праша Бесар Дурмиши, министерот за економија дали размислуваат сериозно да ја зголемат минималната плата на работниците.
Министерот одговори дека за да има раст на минималната плата треба да се земе предвид економската состојба, а според податоците со кои тој располагал нашата земја е меѓу последните во однос на продуктивноста.
Остануваат на ставот дека тие поддржуваат договор меѓу работодавачите и синдикатите.
Денешната седница за пратенички прашања ја следи новинарот Петар Догов
T.Д.
