Вести Македонија Топ вести

Штипскиот градоначалник тврди дека нема одлука за затворање на училиштето „Гоце Делчев“, но се прават анализи

Нема одлука од страна на општината за затворање на Општинското Основно училиште „Гоце Делчев“, во кое учат 580 ученици, а се вработени 80 наставници и технички кадар, тврди градоначалникот Штип, Иван Јорданов.

Но, се прават анализи за оптимизација на инфраструктурата. Една недела наставниците и родителите од ова училиште имаат состаноци, бидејќи се сподели информација за можно затварање на училиштето.

Штипскиот градоначалник вели за да реализира ова  има две решенија едната е затварање на училиштето, учениците да се распордат во останатите училишта и наставниот кадар нема да остане без работа, а второто решение е бидејќи има вештачки паралелки низ сите училишта со минимален број на ученици да  се намали бројот на паралелки во сите училишта, а со тоа да се намали и бројот на наставен кадар.

  • Факт е дека во Општина Штип имаме вештачки паралелки, кои се со несоодветен број на ученици, односно под законскиот минимум. Стратегијата за оптимизација на ресурсите предвидува формулата за пресметка на блок дотациите кои Општина Штип ги добива од Министерството за образование и наука е да се пресметува платата и блок дотацијата по број на ученици, а не по број на паралелки, вели Јорданов.

Јорданов вели дека на 1 септември училиштата ќе се соочат со помал број на паралелки, но и мора да се донесе одлука и за вишокот на  наставниот кадар.

Училиштето „Гоце Делчев“ има и  пресудата за сегрегација. Проблем кој мора да се реши, со цел да не се продлабочува во иднина и државата и општината да се изложуваат на финансиски трошоци, кои треба да ги подмируваат по основ на пресуди донесени од меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Каква одлука ќе донесе Општина Штип ќе се знае до крајот на тековната учебна година.

Викторија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе