Вести Свет

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави дека неделава ќе бидат одржани нови руско-украински разговори.

– Се очекува руските и украинските преговарачи, кои се сретнаа во Абу Даби минатата недела за да разговараат за американскиот план за решавање на конфликтот, во присуство на медијатори од Белата куќа, се очекува да спроведат понатамошни разговори оваа седмица, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Тој додаде дека на претходната средба, помеѓу руските и украинските преговарачи и американските посредници, постигнат е договор за безбедносни гаранции за Украина, што е клучно барање на Киев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека руско-украинските разговори продолжуваат на 1 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе