Вести Македонија Најважни

Политички игри и поени околу работничкиот минималец

Власта и опозицијата продолжија со препукувањата за тоа кој повеќе се грижи за работниците, нивниот стандард и достоинство и кој ги организира протестите, ССМ ги документира сите закани и притисоци врз членството за да не се појават на протест а Владата повтори минималецот ќе се зголеми согласно законското решение.

Ако синдикатите и работодавачите се договорат ќе поддржиме ако не во март минималецот ќе се зголеми согласно законското решение донесено од претходната влада која сега го напаѓа, одговори на пратеничко прашање министерот за економија Бесар Дурмиши.

Се поизвесно е дека минималната мартовска плата ќе се зголеми за околу 1.600 денари, но затоа платите на избраните и именувани функционери ќе зголемат и до десет пати повеќе од тој износ откако Владата и пратениците ја премолчија можноста за корекција на коефициентите.

„Последните податоци се дека меѓу 9,5 и 10 проценти е растот на просечната плата во 2025 во однос на 2024 година. Тоа значи дека платата на секој избран и изменуван му се зголемува за 10 проценти ама стартот му е многу добар и не е како на работниците на 24 илјади да му се зголеми 7 проценти туку 10 проценти на платите од 90 па до 180 илјади денари“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. 

Претседателот на ССМ најави дека утре ќе ги објават сите пораки, преписки и закани од директори и претставници на Владата испратени до работниците со цел тие да не излезат на протест.
ВМРО – ДПМНЕ денес соопшти дека Владата понудила 600 евра минималец ама во 2028 година и дека тоа го одбиле синдикалните лидери и обвини дека ССМ е продолжена рака на опозицијата.

„Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски. Политичката заробеност на ССМ, од страна на СДС се покажува на дело“, изјави Валентин Манасиевски, ВМРО – ДПМНЕ.

СДСМ денес најави дека ќе достави законски измени во Собранието за зголемување на минималецот на 600 евра и дадоа поддршка на барањата на ССМ.

„Ние подготвивме нови законски решенија кои што ќе ги поднесеме во Собранието. Прво Предлог на Закон за измени на законот за минимална плата при што предлагаме зголемување на минималната плата во вредност од 600 евра во нето износ, како и замрзнување на платите на функционерите“, истакна Венко Филипче, претседател на СДСМ.

ССМ и работниците на вчерашниот протест испратија јасна порака, 6-00 евра минималец и зголемување на сите плати за шест илјади денари или нови протести, блокади и генерален штрајк.

Огнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе