Вести Македонија Најважни

Кривична за претседателот на РКЕ, навремено не ја одзел лиценцата на фирмата на Ѓаволот и овозможил корист од 226 илјади евра  

Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски поднесе Финасиската полиција, бидејќи навремено не ја одземал лиценцата на фримата „Тритерол Петрол“, во сопственост на Љупчо Пецов Ѓаволот, кој е обвинет во случајот „Синџир“. Во пријавата е наведено дека наместо лиценцата да биде одземена поради неисполнување на законски пропишаните услови на 15 јануари 2024 година, била одеземена дури на 14 април наредната 2025.

„Со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки“, стои во соопштението на Финансиска полиција. 

За сето ова време „Тритерол Петрол“потпишала над стотина договори. Во периодот од 15 месеци пред да и биде одземена лиценцата, според Финасиската полиција, направила промет од над 3 милиони евра и имала имотна корист од 229 илјади евра.

Бислимоски изјави дека не ја спречувал постапката за одземање, која била спроведена согласно законот и по правилник.

Инаку Телма претходно пишуваше дека Финансиската полиција пронашла 19 фалсификувани банкарски гаранции кои компанијата „Тритерол” ги употребувала во разни институции за да добие или учествува на тендери за јавни набавки. Пецов се гони за даночни затајувања преку фиктивни фактури. Останатите обвинети меѓу кои багеристи, возачи и бравари беа осудени за финансиски криминал од 8 милиони евра.

Фирмата „ Тритерол Петрол “ беше поврзана со фирмите „Ангел Петрол“ и „Алма Транспорт“  познати во случајот „Керозин“  од 2012 година за точење помало количество нафта отколку предвиденото со договорите за јавни набавки.

Инаку името на Љупчо Пецов Ѓаволот во периодов е актулено по апсењето на неговиот адвокат Фехми Стафа, кој е и поранешен државен правобранител. Стафа на Љупчо Пецов Ѓаволот, кој беше во бегство му земал 50.000 евра за да му „среди“ и подмити апелационен судија да му го замени  затворскиот притвор со домашен. Пецов заврши во домашен притвор, а Стафа зад решетки.

Марија Митевска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе