Вести Македонија Најважни

Кос: Очекуваме европски однос од земја кандидат за членство во ЕУ

Кога една земја е кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ), како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

„Овие амандмани беа усвоени на многу брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации“, додаде Кос.

Според неа, интересно е да се види дека во услови кога има нова динамика во процесот на проширување на ЕУ и кога Албанија и Црна Гора напредуваат брзо кон членство, Србија оди во спротивна насока.

„Навистина не разбирам зошто се случува ова, но тоа не е она што сакаме да го видиме. Затоа навистина го повикувам српскиот Парламент што е можно поскоро да ги ревидира овие закони и да го усогласи правосудното законодавство со европските стандарди. Навистина сè уште сакаме Србија да стане дел од Европската Унија и нема да престанам да работам на тоа“, истакна Кос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе