Во Македонија и натаму има грип и заболувања слични на грип, но бројките почнуваат да паѓаат.
Според Институтот за јавно здравје, во периодот од 19 до 25 јануари, односно во четвртата недела од 2026 година, пријавени се 1.708 заболени, што е за 17 проценти помалку од претходната недела, кога имаше 2.062 случаи.
И покрај намалувањето, активноста на вирусот и понатаму е над границата што се смета за средна.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
