Вести Македонија

Во собранието гласање на новите состави на ДИК

Собранието денеска ќе ја одржи 83-та пленарна седница, на чиј дневен ред се новиот состав на Државната изборна комисија.

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати. На седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 21 јануари беа утврдени кандидатите за новиот состав.

За претседател на ДИК од СДСМ е предложен Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, додека за потпретседател од Движењето Беса, која е дел од коалицијата БРЕДИ, е предложен Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки финансии од село Непроштено – Теарце.

За членови на Комисијата се предложени Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Кондарко, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје од СДСМ и Дитмире Шеху, дипломиран правник од Гостивар од ДУИ.

Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена).

Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен избор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе