Вести Македонија Најважни

Трет ден блокади на камионџиите – за ден пречекорување во ЕУ нè третираат како криминалци

Шлеперите трет ден остануваат паркирани на граничните премини. Камионџиите ги блокираат границите во регионот за товарен сообраќај, незадоволни од правилата за престој во Шенген-зоната, според кои, како и сите граѓани од земјите од Западниот Балкан, може да останат во Шенген зоната најмногу до 90 во 180 дена. Велат, ние не одиме во ЕУ туристички, туку работиме. Ако половина од времето не може да работиме, бизнисот ќе пропадне. Најавено е дека на протестот ќе се придружат и меѓународните автобуски превозници, чии возачи исто така се засегнати од правилата. Бараат од Европската комисија да направи исклучоци за нив.

Повод за протестот е воведувањето на електронскиот систем за влез и излез во ЕУ, со кој контролите ќе бидат многу поригорозни. Правилото 90 од 180 дена важеше и досега, но ако претходно граничните службеници во ЕУ требаше да им ги бројат печатите во пасошите и поминатите денови, и често им прогледуваа низ прсти, сега системот, кој треба да стапи во сила од 10 април, веднаш ќе ги регистрира пречекорувањата. Дополнително, со влезот на Хрватска, Бугарија и Романија, Шенген зоната сега е многу поголема.

Се жалат дека ако ги фати полиција во некоја од европските земји, за пречекување од само еден или два дена ги третира како криминалци.

„Веднаш ги притвораат, ги носат во притвор два-три дена, ги третираат како криминалци и после ги депортираат за матичните земји, па дури и им ставаат забрана за влез од 3 месеци до една година. Тој повеќе наредните година дена не смее воопшто да влезе во ниедна Шенген држава, не само во државата во која што е фатен“, вели претставникот на камионџиите Тони Маџевски од „Макам-транс“.

Блокади на границите истовремено има и во Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Во Албанија и во Косово нема блокади, но превозниците велат дека имаат поддршка и од нивните колеги од овие земји, кои исто така се засегнати од европските регулативи.

Камионџиите сметаат дека ако правилата не се сменат, тоа ќе значи колапс на транспортниот сектор во регионот, но и огромни последици по целата економија.

Решението го гледаат во изземање на превозниците од правилата за престој, одложување на електронскиот систем за влез и излез во ЕУ, зголемување на бројот на дозволени денови или воведување на петгодишни визи за да може непречено да возат низ Унијата.

Според проценката на српските стопански комори, штетата на балканските економии од блокадите се проценува на 100 милиони евра дневно.

Последици од блокадите трпат и странските инвеститори, кои во регионот имаат инвестирано десетици милиони евра. Две третини од трговијата и над 60 отсто од инвестициите во регионот доаѓаат од земјите од Шенген-зоната. Превозниците се надеваат дека токму странските инвеститори ќе може да излобираат во нивните матични земји за олеснување на правилата.

Срѓан Стојанчов

(Видео) Трет ден блокада на товарниот сообраќај на границите во Западен Балкан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе