Синдикатите денеска излегуваат на протест за повисоки плати. Стартуваат од пред седиштето на ССМ , а ќе финишираат пред Владата. Но, предупредуваат – тука нема да застанеме. Ако и по ова надлежните останат глуви на барањето за повисоки најавуваат и поригорозни чекори.
Доколку не го разберат и тоа и не ја разберат и таа порака излегуваме на генерален штрајк 24 часа сите работници ќе бидат повикани ќе имаат право да не доаѓаат на работа и да не бидат казнети да не им биде намалена платата и да покажеме дека и во Македонија кога синдикатите повикуваат работниците излегуваат на улица и на крај ако и ова не даде резултати останат глуви на работничките барања стануваме овластен подносител на законите со собирање на 10 илјади потписи во собранието ќе побараме намалување на функционерските плати за 80 проценти односно толку колку што им се зголемени, изјави за Телма, Слободан Трендафилов претседател на ССМ.
За притисоците врз вработените да не дојдат на протестот ќе соопштат идната недела.
Коментарот на премиерот Мицкоски пак е дека секој има право да протестира, а минималецот ќе порасне во март според законот за 1.600 денари.
Синдикатите веќе две години бараат покачување на минималната плата. Но, преговорите на ЕСС завршуваа без договор.
Од владата пак од тие состаноци излегуваа со став дека не се против зголемување на платите, но топката за тоа ја префрлаше кај работодавачите и синдикатите.
Во 2024 година кога дојде до промена на власта ССМ побараа минималната плата од 500 евра, но од тогаш до сега со зголемување на трошоците за живот нивните пресметки покажуваат дека треба да биде 600 евра.
Само за пример, пред две години на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му беа потребни над 57 илјади денари. Во јануари оваа година кошничката изнесува 66. 413 денари. Ова значи дека за две години трошоците во оваа кочничка се зголемила за над 9.200 денари. За истиот период минималната плата според анализите пораснала за нешто над 4.000 денари.
Според, податоците пак минималецот во земјава е најнизот во регионот.
Ирена Чачкова
ССМ денеска излегува на протест- „Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ рече Трендафилов
Б.С.
