Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, по што оградата и земјата се свлекле врз две возила со скопска и велешка регистерска табличка.


Ката Крстевска од Велес, која утринава по девет часот дошла на преглед во Клиничка болница во Штип вели дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото.

Сообраќајот на оваа улица која води кон главниот влез на болницата го регулираат полициски службеници.
- Паркиравме возилото и само што појдовме на угорницата и слушнавме и кога дојдовме, кога видовме тука страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата, вели Крстевска.


На лице место излегоа од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на улицата Љубен Иванов“, која води кон главниот влез на болницата. Простотор беше исчистен од страна на екипи од ЈП „Стипион“.
Викторија Јованова
Б.С.
