Вести Свет

Моди: Индија и ЕУ ја потпишаа „мајката на сите договори“за слободна трговија

Индија и Европската Унија вчера постигнаа „значаен“ договор за слободната трговија, што се смета за најголем досега, изјави индискиот премиер Нарендра Моди.

Во своето обраќање на Неделата на енергијата во Индија, Моди денеска договорот го нарече „мајка на сите договори“, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Тој рече дека договорот, што ги надополнува постојните договори на Индија со Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија, ќе биде особено корисен за клучните сектори на индиската економија.

Според Си-Ен-Би-Си, договорот ќе создаде пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии.

Се очекува Моди и претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, да дадат заедничка изјава на самитот Индија-ЕУ во Њу Делхи подоцна во текот на денот, откривајќи ги деталите од договорот што е во подготовка речиси две децении.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе