Тинејџери запалиле школски автобус кој бил паркиран во дворот на основно училиште „Крсте Петко Мисирков“ во Радовиш. Нема повредени, а пожарот бил набргу изгаснат од противпожарните екипи. Полициски службеници поразговарале со малолетните лица во присуство на нивните родители при што го признале делото.
„На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш“, соопштува МВР.
Јавното обвнителство Струмица е запознаено со случајот, па во тој однос при собирање на целосната документација за случајот ќе следи и соодветна пријава.
