Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во земјава, која е осомничена дека сторила кривично дело – „Телесна повреда“.
Како што се наведува во соопштението на обвинителството, вчера изутрина во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената по вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка од основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување на мерка притвор за осомничената.
