Вести Македонија Најважни

Kамионџиите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ги блокираа граничните премини низ регионот

Точно напладне камионџиите почнаа со блокадите на сите гранични премини за излез од Македонија во знак на протест против правилата за престој во Шенген зоната. Од полноќ границите целосно ќе се затворат за влез во земјата за камиони. Превозниците како и сите граѓани можат да останат на територијата на Шенген зоната од 90 до 180 дена, велат не сме туристи туку работници. Повод за протестот е воведувањето на новиот систем за електронска евиденција за влез и излез во Европската Унија, кој треба да стапи на сила на 10-ти април.

На забелешката дека правилото 90 до 180 дена не е ново камионџиите велат дека навистина не е ново, но секако контролата ќе биде построга, а и Шенген зоната со влезот на Бугарија и Романија е поголема.

Освен во Македонија, камионџиите ги блокираа границите и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека превозниците од Косово, Албанија и Турција нема блокади, но камионџиите велат дека имаат поддршка од нивните колеги и од овие земји. Велат ако не се сменат правилата транспортната индустрија во регионот ќе доживее крах, а сериозни последици ќе претрпи целата економија. Со 90 до 180 дена не може да биде исплатлив бизнисот оти камионите ќе треба да бидат паркирани. Планирано е протесот  да трае седум дена, за да покажат што ќе се случи, ако не се сменат правилата.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, ги посети камионџиите на граничниот премин Блаце на граница со Косово и ги поддржа нивните барања. Велат цела година бараат решение, но не наишле на слух на ЕУ. После блокадите очекуваат промена на ставот на Унијата.

Решението се гледа во иземање на превозниците од броење на денови, зголемување на периодот во кој може да престојуваат на територијата на Шенген зоната или воведување на петгодишни работни визи. На границите е блокиран само товарниот, но не  и патничкиот сообраќај. Сепак се пропуштаат камиони кои превезуваат живи животни, лекови, муниција и експлозиви.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе