Новата производна цена на оризовата арпа е 23 денари за килограм. Оризопроизводителите од кочанско реагираат на новата производна цена, која е ниска и за нив е несфатливо, како во услови на инфлација и зголемување на трошоците за производство лани изнесувала 27, а сега е 23 денари за килограм.Тие бараат веднаш да се коригира производната цена на оризовата арпа.
Заабележуваат дека со новата производна цена, која е ниска оваа година нивите нема да се посеат со ориз. Од Националната мрежа на земјоделци и оризопроизводителите порачаа дека доколку не се коригира новата производна цена, во тој случај ќе излезат на протести.
Според проценките на оризопроизводителите од новата реколта се откупени само 5% од оризовата арпа. Останатите колични им стојат во амбарите, а во моментов откупната цена е од 18 до 20 денари за килограм.
Викторија Јованова
