Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информира дека финалното тестирање на системот за автоматска детекција на брзина – „Безбеден град“ покажува минимални отстапувања, значително под законски дозволената толеранција.
Според него, проверките гарантираат сигурност и доверливост на системот, кој првично ќе се активира на локации со зголемен ризик, а подоцна ќе се прошири на целата територија на државата.
Тошковски нагласи дека системот е дизајниран за евиденција на прекршоци, без разлика на имиња, функции или позиции на возачите. Покрај мерењето на брзината, се проверува и јасноста на снимките, прецизноста при читањето на регистарските таблички и точноста на податоците.
Со измените во Законот за прекршоци, кои беа изгласани пред два дена, се отвора патот системот „Безбеден град“ официјално да стартува од 1 февруари, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.
