Украина остро ги осуди најновите руски напади во текот на ноќта, во кои загина едно лице, а беа повредени најмалку 23, токму пред продолжувањето на мировните разговори со САД.
Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, изјави дека нападите, наредени од рускиот претседател Владимир Путин, не ги погодиле само цивилите, туку и самиот преговарачки процес.
Во Киев загина едно лице, а четири беа повредени, додека во Харков се повредени 19 лица, а оштетени се и болница и објект за раселени лица.
Украинските власти соопштија дека цел на нападите била енергетската инфраструктура, поради што илјадници објекти останале без греење, во услови на температури до -12 степени.
Во исто време, во Абу Даби продолжуваат трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, при што, според извори, е постигнат ограничен напредок.
Клучното прашање за територијата останува нерешено, бидејќи Русија инсистира на отстапување на окупираните области, што Киев категорично го одбива.
