Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе воведат 100-процентни царини за целиот увоз од Канада доколку Отава склучи трговски договор со Кина. Во објава на социјалната мрежа „Truth Socia“l, Трамп предупреди дека Канада не смее да стане „транзитно пристаниште“ за кинески стоки наменети за американскиот пазар.
Тој остро го критикуваше канадскиот премиер Марк Карни, нарекувајќи го „гувернер“, и оцени дека таквиот потег би довел до сериозно економско и општествено влијание врз Канада, вклучително и уништување на локалните бизниси и начинот на живот.
Изјавата доаѓа откако Карни потпиша трговски договор со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, со кој се предвидува намалување на царините за електрични возила, земјоделски производи и други сектори, со цел зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.
