Вести Свет

Растат тензиите во Минеполис откако Федерални агенти убија уште едно лице

Стотици граѓани излегоа на протести во Минеаполис откако утрово Федерални имиграциски агенти убиле 37-годишниот маж, во градот веќе потресен од смртта на Рени Гуд пред неколку недели.

Локалниот шеф на полицијата, Брајан О’Хара, соопшти дека деталите за инцидентот се ограничени, но дека мажот имал оружје кое го поседувал со дозвола и имал право да го носи со себе.

– Според информациите кои ги Имаме, а тие се многу ограничени, станува збор за 37 годишен бел маж, граѓанин на Минеаполис, и веруваме дека е американски државјанин. Засега немаме официјални информации за тоа што довело до пукањето но ги погледнавме видеата што кружат по социјалните медиуми изјави началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара.

Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Тришија МекЛафлин, изјави дека федералните агенти биле на операција како дел од имиграциската политика на администрацијата на Трамп и пукале во одбрана откако мажот со пиштол се приближил и „насилно се спротивставил“ додека агенти се обидувале да му го одземат оружјето.

Федералните власти соопштија дека полицаецот кој смртно застрела човек од Минеаполис за време на протестот е ветеран со 8 години стаж во граничната патрола.

По пукањето, гневна толпа се собра пред местото на настанот, викајќи „плашливци“ и барајќи федералните агенти да си заминат.

– Се наоѓам во близина на раскрсницата во центарот на Минеаполис каде што федералните агенти наводно пукале во човек рано утрово. Агентите користат солзавец, шок гранати, обидувајќи се да ја растераат насобраната толпа. А луѓето скандираат „одете си дома нацисти“. Состојбата е многу напнатаво моментов. Разговарав со сведок кој рече дека го видел човекот застрелан во градите на автобуска станица. Таа плачела, а други луѓе излегле. Луѓето се во шок, знаете, од уште едно фатално пукање овој месец. Состојбата е напната, а еден агент, одговарајќи на демонстрантите, рече „бу-ху“. Значи, агентите им се потсмеваат на луѓето што излегоа овде, раскажува новинарот на Асошиејтед прес, Џек Брук.

Дел од лицата кои излегоа да протестираат поставија канти за отпадоци како барикади и се судрија со федералните агенти. Агентите на други локации употребија и шок-бомби и солзавец за да ја растераат толпата, додека полицијата повика на смиреност како од јавноста, така и од федералните служби.

Претседателот Доналд Трамп го обвини градоначалникот на Минеполис и гувернерот Тим Волц дека поттикнуваат „внатрешна побуна“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе