Полициски службеници од СВР Куманово на 23 јануари 2026 година ги лишиле од слобода М.М. (68) и Д.Б. (51), двајцата од Куманово, поради сомнение за недозволена трговија со дрога.
По претходно издадена судска наредба, бил извршен претрес во викендица во село Младо Нагоричане, сопственост на М.М., при што бил пронајден околу еден килограм амфетамин.
Според полициските информации, дрогата ја оставил на чување Д.Б.
Двете лица биле приведени во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
