АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци е намалена: 30–40 метри на Тетово–Попова Шапка, 50–100 метри на Делчево–Пехчево, 100–150 метри на Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, додека на Плетвар видливоста е до 50 метри.
Сообраќајот се одвива во зимски услови, со наместа влажни коловози, а можно е и појава на поситни одрони на патни правци кои минуваат низ усеци и клисури. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај.
ЈП „Македонија пат“ и останатите надлежни служби се на терен со механизација и работна сила, обезбедувајќи расчистување на снегот и непречено движење. Возачите се советуваат на внимателно управување со возилата, задолжителна зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодена брзина според условите на патот.
