Вести Свет

Претставници на Русија, Украина и САД идната недела ќе одржат трилатерални разговори во Абу Даби

Трилатерални разговори ќе одржат претставниците на Русија, Украина и САД во Абу Даби, што ќе биде прва средба со учество на сите три страни од почетокот на руската инвазија пред речиси четири години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговорите се „чекор“ – со надеж кон завршување на војната“, но инсистира и Русија да покаже подготвеност за компромис и вели и дека можат да се случат различни работи. Украинскиот претседател, исто така, во изјава за медумите кажа дека разговарал со Трамп во Давос вчера.

Според него, двајцата претседатели, исто така, „ги финализирале безбедносните гаранции“ за Украина и разговарале за дополнителни ракети за воздушна одбрана потребни за Украина да ги пресретнува руските балистички ракети.

Средбата ја потврди и советникот на Кремљ, Ушаков, кој разговорите на Украина со пратениците на Трамп ги оцени какп „конструктивни“ и „исклучително отворени“. Потенцира дека на сребата одат со јасно наведено дека неодговорните терористички дејствија сигурно нема да останат без сериозен одговор.

„Разговорите траеја приближно четири часа и беа исклучително суштински, конструктивни и, би рекол, исклучително искрени и полни со доверба. Соговорниците, како што е добро познато, пристигнаа од Давос, каде што, буквално пред летот за Москва, учествуваа во низа настани со нивниот претседател, Доналд Трамп. Вклучувајќи ги и оние поврзани со украинското решавање на проблемот. Беше договорено првиот состанок на трилатералната работна група за безбедносни прашања да се одржи во Абу Даби денес, петок, 23 јануари. Трилатералната работна група вклучува претставници од Русија, САД и Украина. Кирил Дмитриев и Стив Виткоф, раководителите на билатералната економска група, исто така ќе се сретнат во Абу Даби. Од наша страна, јасно беше наведено дека неодговорните терористички дејствија сигурно нема да останат без сериозен одговор“, изјави Јуриј Ушаков- советникот на Кремљ.

Трамп пак како посредник пред новинарите потенцира дека двете страни треба да направат отсапки и дека се надева оти Путин и Зеленски сакаат да склучат договор.

Главна точка на преговорите останува територијалното прашање, особено идниот статус на источна Украина и регионот Донбас. И Москва и Киев признаваат дека без компромис околу територијата нема да има траен мировен договор, иако двете страни јавно изразуваат интерес за дипломатско решение.

Кристина Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Почина режисерот Сашо Миленковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе