Доцнење на платите направи револтот кај вработените во Македонски пошти кои денеска излегоа на протест. Се пожалија дека работат со минималец но и тој не можат да го добијат. Над илјада вработени ќе чекаат прилив на сметка за да продолжат со работа, во спротивно се заканија дека ќе продолжат со радикални чекори. Освен вработени во скопската пошта, протестираат и нивни колеги од други градови велат тие.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
