Италијанската премиерка Џорџа Мелони застана во одбрана на американскиот претседател Доналд Трамп во разговорите што ги водеше со челниците на Европската Унија оваа недела, пишува „Политико“.
Според наводите на бриселскиот медиум, таа ги повика политичарите да не го етикетираат Трамп како „луд и непредвидлив“ и порача дека „Европа ќе загуби сè во судир со Америка“. Нејзините изјави доаѓаат во момент кога гостин во Рим е германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Тој, пак, пред новинарите изрази подготвеност да се придружи на иницијативата на претседателот на САД, Доналд Трамп во „Бордот за мир“ поради Газа, но оти планот во моментнот не може да го прифати.
