Вести Македонија

ДУИ е загрижена поради неправедните и репресивни даночни политики на актуелната влада

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради неправедните и репресивни даночни политики на актуелната влада, кои директно ги погодуваат граѓаните, особено оние кои работеле надвор од државата во тешки и ризични услови.

  • Протестите пред Управата за јавни приходи се јасен доказ за институционален неуспех и за слепа даночна политика, која преку ретроактивни даноци им наметнува неправеден финансиски товар на граѓаните што со години ја обезбедувале егзистенцијата на своите семејства и придонесувале за економијата на државата, велат од ДУИ.

Според партијата неприфатливо е граѓани кои работеле во меѓународни мисии во Ирак, Авганистан, како и во други земји, често ризикувајќи го сопствениот живот, денес да се третираат како средство за полнење на државната каса. Уште поскандалозно е непризнавањето на статусот на нерезидентен даночен обврзник, и покрај јасните законски докази и фактот дека мнозинството од нив престојувале повеќе од 183 дена надвор од државата.

  • Владата, преку Управата за јавни приходи, создава правна несигурност, го игнорира законот и го претвора оданочувањето во средство за казнување. Граѓаните не се против даноците, туку против ограбувањето, неправедните и ретроактивните одлуки што го нарушуваат нивното достоинство и економска сигурност, велат од ДУИ.

Демократската унија за интеграција бара:

– итно укинување на даночните решенија со ретроактивно дејство

– целосно признавање на документацијата за статусот на нерезидент и

– транспарентност и институционална јасност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Почина режисерот Сашо Миленковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе