Вести Македонија Топ вести

Aмандманска расправа за изманите на крвичниот законик

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се одржува амандманска расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање.

Законот е поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а за него се поднесени вкупно 13 амандмани од пратеници на НСДП, Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП.

Предложените измени имаат за цел отстранување на слабостите во постојните одредби и усогласување со одлуката на Уставниот суд од февруари 2025 година, како и со забелешките на Европската комисија.

Се предвидува заострување на казнената политика за кривичните дела злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, како и проширување на примената на проширената конфискација.

Со измените се воведува и ново кривично дело – злоупотреба на туѓи снимки, фотографии и аудиозаписи со сексуално експлицитна содржина, со цел подобра заштита на приватноста.

Дополнително, се врши усогласување со Истанбулската конвенција и се предлагаат измени кај делата поврзани со семејно и родово базирано насилство, трговија со деца и безбедност во сообраќајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе