Вести Македонија Топ вести

„30 години служба, па забрана и казна“: Петрушевска го обвини директорот на МОБ за насилничко однесување

Како уметник 30 години беспрекорно ја извршувам работната задача, но последниве неколку години сме изложени на тортура, а се тоа кулуминираше со забрана за мој влез во Македонската опера и балет и казна 50% од плата во наредните 6 месеци, реагира првата обоистка Петрушевска во оркестарот на МОБ. Таа го обвини директорот Оливер Арсовски за противзаконско постапување. Зад Петрушевска застанаа Синдикатот за култура, Хелисиншкиот комитет и побараа од министерот Љутков да ги заштити културните работници.

„Овие негови одлуки се надвор од сите ингеренции на директорот и уште еднаш го докажаа неговиот насилнички однос и потребата од докажување надмоќ. Сакам да нагласам дека со мене од првиот момент, кога кулминираше притисокот, станаа да ме заштитат првите инструменталисти во оркестарот и побараа да се смири тензијата со диригентот Амбарцумјан инструиран од директорот продолжи со заканите. Ден потоа кажална состанок дека додека е жив нема да престане да ме гони мене. Мене, жена, обоист, уметник ?? Закани добиваа и моите колеги кои застанаа во моја одбрана. Закани имаме до ден денес, користејќи и највулгарни пцости во обраќањето кон нас секојдневно“, изјави Татјана Петрушевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Почина режисерот Сашо Миленковски

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски работи на создавање нов сателит – ЗНАМ 2.0

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе