Вести Македонија Топ вести

Во кумановскиот совет отфрлена иницијатива за предлог точка поврзана со оданочувањето на печалбарите во Ирак и Авганистан

Во кумановскиот совет на денешата седница беше отфрлена иницијативата за точка поврзана со оданочувањето на печалбарите од Ирак и Авганистан. Ова било поднесено од кумановчани, како и од советниците на „Ред за Куманово“, но истата била одбиена со образложение дека Советот нема надлежност да одлучува по ова прашање и дека тоа е во ингеренција на Управата за јавни приходи.

Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, предложи градоначалникот Максим Димитриевски да даде информација за проблемот, поради тоа што тој лично остварил средба со нив.  На ова опозициските советници изреволтирано реагираа и посочија дека  доколку Советот нема право да расправа за ова прашање, по кој основ истата можност му се дава на градоначалникот.

„Ако градоначалникот сака да го соопшти тоа што го знае, нека свика прес-конференција. Вака ќе прави политичка промоција пред нас и пред јавноста“, изјави координаторот на советничката група на СДСМ, Томица Илиќ.

Други пак советници и посочија на претседателката Ѓорѓиевска дека со ваквата постапка се крши Деловникот за работа на Советот, но таа не го прифати нивниот став и му даде збор на градоначалникот Димитриевски.

Сепак на крај со 17 гласа „против“ и 12 „за“ предлогот на советникот Иван Петковски за дополнување на дневниот ред со нова точка за проблемите со ретроактивното оданочување беше ставен на гласање, не беше изгласан.

Печалбарите од Ирак и Авганистан, над две недели протестираат пред кумановската управа за јавни приходи, бидејќи се на ставот дека се обесправени и не треба двојно да бидат оданочени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој неколку дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2026

meteo

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе