Вести Македонија Топ вести

Со законот за заштита од пушење ќе се поттикне сива економија, алармираат од тутунската индустрија

Предлог-законот за заштита од пушење можеби изгледа модерно, но за тутунарите е ризичен и тешко спроведлив. Од Групацијата за производство на цигари велат дека законот не го решава проблемот, туку е удар врз индустријата и малите и средни бизниси. Предупредуваат дека моделот преземен од Словенија не може да функционира во Македонија. Тутунот кај нас е важна земјоделска култура, со силна поддршка од државата, рекорден откуп и добра цена. Тутунската индустрија вработува стотици луѓе и носи значајни пари во буџетот, а загрижува и тоа што цигарите ќе се стават на исто ниво со другите тутунски производи. Овој закон ќе ја игнорира реалноста и ќе отвори пат за нелегална трговија и големи економски проблеми, предупредуваат од Групацијата.

Нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение  и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали“, велат од групација за производство на тутун.

Забраните, според нив, нема да го намалат бројот на пушачи, туку ќе ја зголемат сивата економија. Како пример ги наведуваат искуствата од други земји, меѓу кои и Словенија, каде забраната на ароми и вкусови довела до пад на легалните приходи и раст на нелегалната трговија. Наместо поголема контрола и информираност, сметаат дека законот ќе создаде хаос и директен удар врз граѓаните и економијата.

„Недоволно прецизно и јасно се дефинирани и локациите на кои е забрането и тие на кои е дозволено пушењето и користењето алтернативни тутунски производи, што ќе овозможи различни толкувања од страна на бројните инспекциски служби и реален проблем при спроведување на прописот. Групацијата истакнува дека е неопходна темелна доработка и усогласување на нацрт-законот со македонската економска реалност и со принципите за намалување на штетноста, односно потребно е Законот да се донесе по сериозни и сеопфатни консултации со сите засегнати страни, што ќе овозможи заштита на јавното здравје“, велат од групација за производство на тутун.

Тутунското стопанство има значајно учество во македонската економија преку производство, извоз и промет, вели професорот на Земјоделскиот факултет, Златко Арсов. Годишното производство, посочува тој, изнесува и до 30 илјади тони, а во секторот се ангажирани над 120 илјади луѓе.

„Нашиот тутун главно се извезува, од ова производство што го напоменав просечно 22 илјади тони, кај нас останува за домашните две фабрики за игари многу малку, 500 до 1000 тони а другото се извезува во странски држави. Наши партнери се реномирани тутунски фирми од светот кои имаат добро мислење за македонскиот тутун и е баран. Така да на некој начин ние сами да си ја сечеме гранката, односно една профитабилна дејност да ја уништуваме јас не гледам причина“, вели Златко Арсов професор на факултетот за земјоделски науки и храна.

Прeдлог законот е објавен на енер за јавна дебата и сите засегнати страни да го кажат своето мислење. Во меѓувреме став кројат и угостителите кои најавија средба во владата со ресорните министерства.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со бројни антологиски хитови остави неизбришлива трага во современата македонска музика – реакции по смртта на Владо Јаневски

Дејан Дејан

Загинаа пет почетници скокачи, пет инструктори и пилотот – авионот имал дефект паднал вертикално

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе