Вести Македонија Топ вести

Нови 2.062 случаја на грип – сезонава три починати лица

Вкупно 2.062 случаја на грип се пријавени во периодот од 12 до 18 јануари, што е 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истиот период лани е зголемен за 46 отсто, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Вкупно 279 биле деца на возраст до четири години, 266 лица биле на возраст над 65 години, а 243 биле деца на возраст од 5 до 14 години. Највисока инциденца е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Заболените лица се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга , Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Во четири ЦЈЗ/ПЕ: Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци се бележи многу висока активност, во три: Кратово, Штип и Виница – висока активност, средна активност се регистрира во 11 ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност, а во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 8.209 во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,1 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрира зголемување од 16,3 проценти.

Во текот на сезоната на грип регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи.

Заклучно со третата недела, во државата вакцинирани биле вкупно 79.078 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со бројни антологиски хитови остави неизбришлива трага во современата македонска музика – реакции по смртта на Владо Јаневски

Дејан Дејан

Загинаа пет почетници скокачи, пет инструктори и пилотот – авионот имал дефект паднал вертикално

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе