Продолжува периодот на стабилно но студено време, утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минимална температура (во °C)
-12 Берово, -11 Крива Паланка, -10 Демир Капија, Kрушево, Попова Шапка, -9 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово, Mаврови Анови, -8 Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, -7 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, -5 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
26 Попова Шапка, 15 Крушево, 4 Ѓуриште, 2 Тетово, Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
